АНА ЈОВКОВСКА ВЕЧЕРВА ЈА ПРОМОВИРА ТРЕТАТА КНИГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во арт-кафето „Ли“ во Скопје ќе биде промовирана новата книга на новинарката и активистка Ана Јовковска, „Сакам, значи постојам“.

Книгата ја издава „Три“, од каде велат дека е „натопена во љубов, животни искуства, болка, слобода и радост“.

„Обликувана како отворен разговор во и надвор од себеси, Ана тргнува од Декартовата максима ‘Мислам, значи постојам“, која, како жена и мајка, ја трансформира во ‘чувствувам и сакам‘. Романтична и храбра, новата книга на Ана ја буди најдобрата верзија во секој од нас“, вели издавачот.

Книгата ќе ја претстави писателот и професор Александар Прокопиев. Ова е трета книга на Јовковска, по „Пулсот на времето“ (2015) и „Ехо на слободата“ (2018).