СТАТУА НА КРИС КОРНЕЛ ВО СИЕТЛ ОТКРИЕНА ОД НЕГОВИТЕ ДЕЦА

Сиетл, (АП)

Бронзена статуа во природна големина на починатиот фронтмен на „Саундгарден“, Крис Корнел, беше откриена во Сиетл, покажувајќи го во една од неговите препознатливи пози.

Неговата вдовица Вики ја донираше статуата на Музејот на поп културата во Сиетл, кој ја постави на плочникот.

Дело на Ник Мара, таа беше откриена од децата на Корнел, ќерките од 18 и 14 години и 12-годишниот син.

На церемонијата присуствуваа и останатите членови на „Саундгарден“, Мет Камерон, Бен Шефрд и Ким Тајил, како и градоначалничката на Сиетл, Џени Даркан.

Корнел почина во мај минатата година, откако се обеси по концертот во Детроит.