Пет илјади танчари ќе се натпреваруваат на Светското првенство во уличен и хип хоп танц, кое ќе се одржува во Скопје од 9 до 17 октомври, во салата „Борис Трајковски“. Ќе учествуваат танчари од 35 држави во дисциплините хип хоп и стрит денс шоу во повеќе возрасни категории.
Во музичкиот дел ќе настапи Пајак, а влезот ќе биде бесплатен.
Официјалното отворање е на 12 октомври, а натпреварувањето го организира танцовото студио „Брејк а лег“. На настанот ќе има претставаници и од Светската танцова организација.