Џозеф Гордон-Левит е најнова ѕвезда најавена дека ќе работи проект за новата платформа „Епл ТВ+“.
Гордон-Левит ќе глуми и ќе биде сценарист и извршен продуцент на драмска серија која се подготвува под насловот „Господин Корман“. Приказната е за наставник во основно училиште кој се справува со зрелоста во Лос Анџелес.
Ѕвездата на култните серии „Третиот камен од сонцето“ и „Розен“ има Еми награда, номинација за Златен глобус, а играше и во филмовите како „Зачеток“ и „Бетмен – Издигнувањето на темниот витез“.
„Епл“ сè уште нема објавено кога ќе почне да работи неговиот стриминг сервис, но се очекува тоа да биде во текот на есенва. Засега има најавено серии со Џенифер Анистон и Рис Витерспун, како и со Хејли Стајнфилд.