ЕМА СТОУН И ЏОНА ХИЛ ТЕСТИРААТ ЛЕКОВИ ЗА УМОТ ВО НОВАТА СЕРИЈА „МАНИЈАК“

Беверли Хилс, (АП)

Ема Стоун и Џона Хил се ѕвездите на новата серија на „Нетфликс“, која допира чувствителни теми на ментално здравје и фармацевтска индустрија.

Долгоочекуваната црна комедија насловена „Манијак“ следи два лика кои, секој од своја причина, се пријавуваат да тестираат лекови.

Ова е прва соработка на Стоун и Хил од комедијата „Суперлош“ од 2007 година.

Хил игра човек на кого му е дијагностицирана шизофренија, додека Стоун е оптоварена со пропаднати врски. Тие се решаваат да пробаат мистериозно апче кое лекува сѐ што е поврзано со умот, но работите не се одвиваат како што е планирано. Лекарот кој тврди дека може да го поправи умот го игра Џастин Теро.

Серијата од десет епизоди е режирана од Кери Џоџи Фукунага, што е негово враќање на телевизија по мегауспешната прва сезона на „Вистински детектив“.

Првата епизода ќе биде емитувана на 21 септември.