Од крвавата свадба до суровото жртвување на Ширин Баратеон, „Игра на тронови“ никогаш не се откажа од убивање на омилените ликови.
Џорџ Р.Р. Мартин вели дека тоа се должи на неговата инспирација од книгите на Толкин, авторот на „Господар на прстените“ и „Хобит“.
Говорејќи за неочекуваната смрт на Гандалф во „Господар на прстените“, Мартин рече:
„Не можам да ви го опишам влијанието кое го имаше тоа врз мене кога имав 13 години. Толкин го прекрши правилото и секогаш ќе го сакам поради тоа. Во моментот кога ќе го убиете Гандалф, исчекувањето за тоа што следи е поголемо за илјада пати. Затоа што потоа секој може да умре“.
Откако серијата на Ејч-Би-О почна да се емитува во 2012 година, повеќето од ликовите имаа ужасен крај, но нешто остана и за последната сезона, која ќе се емитува во април идната година. Иако актерите и продуцентите не откриваат никакви детали, фановите не очекуваат среќен крај.
Емилија Кларк, која ја игра Денерис, изјави дека снимањето на нејзината последна сцена „целосно ја поместило од земја“.
Софи Тарнер (Санса Старк), пак, откри дека финалето на серијата ќе донесе голем судир на главните ликови.
„Сите ќе се соберат за да се борат едни против други. Доаѓа голема пропаст. Не сакам повеќе да откривам, но тоа ќе биде голема закана за сите“, вели Тарнер.