ЌЕ СЕ СНИМА ДАНСКАТА ВЕРЗИЈА НА „КРУНА“ ЗА КРАЛИЦАТА МАРГРЕТ

Копенхаген, (Гардијан)

Неколку дена откако го напушти данскиот престол по цели 52 години, сега веќе бившата кралица Маргрет Втора ќе добие своја верзија на хит-серијата на „Нетфликс“, „Круна“.

Серијата со работен наслов „Af Guds nåde“ (By the grace of God) ќе се случува во палатата Амалиенборг, официјалната кралска резиденција во Копенхаген, почнувајќи од 1940, кога е родена Маргрет.

Приказната ќе биде раскажана од перспектива на членовите на кралското семејство и на вработените во кралскиот двор. Серијата ќе го опфати кралското семејство и во добро и во лошо. Пред сѐ, тоа е приказна за девојка и нејзиното семејство“, велат продуцентите.

Маргрет изненадувачки ја објави својата абдикација во новогодишното ТВ-обраќање, а на 14 јануари ја наследи синот Фредерик.

Се очекува серијата да биде објавена следната година.

(Фото: АФП)