Линдзи Лохан, чија надежна филмска кариера беше упропастена од зависности и од проблеми со законот, се враќа на американската телевизија преку реално шоу што ќе се случува во Грција.

Ем-Ти-Ви објави дека „Клубот Лохан“ ќе ја следи 32-годишната актерка додека се обидува да ги разработи своите новоотворени ноќен клуб и ресторански бизнис во Грција.

„Лохан ќе предводи тим од бренд амбасадори, кои ќе ѝ помагаат да го промовира својот бизнис, додека се труди да се издигне над искушенијата што ги нуди ноќниот живот на Миконос“, соопшти Ем-Ти-Ви за серијата која ќе почне да се емитува наредната година.

Своевремено една од најбараните млади актерки, Лохан шест пати се пријавуваше на рехабилитација меѓу 2007 и 2013 година, додека истовремено беше затворана поради поседување дрога и возење во пијана состојба.

Таа го сними последниот филм пред пет години, по што се пресели прво во Лондон, па во Дубаи.