„НЕТФЛИКС“ ЌЕ СНИМА СЕРИЈА ЗА ТАЈЛАНДСКИТЕ МОМЧИЊА СПАСЕНИ ОД ПЕШТЕРИ

Банкок, (Би-Би-Си)

„Нетфликс“ ги откупи правата за снимање на минисерија за спасувањето на 12-темина момчиња и нивниот фудбалски тренер од пештерите во северен Тајланд минатата година.

Децата од фудбалскиот тим Вајлд боарс беа главна светска вест во јуни 2018, откако останаа заробени во поплавени пештери. По 17 денови, сите беа спасени во операцијата во која учествуваа 90 нуркачи од цел свет, при што еден од нив загина.

Серијата ќе ја прават режисерот на филмот „Откачени богати Азијци“ Џон М. Чу и Натавут Понпирија.

„Приказната комбинира толку многу локални и глобални теми, кои ги споија луѓето од цел свет. Тајланд е многу важен пазар за ‘Нетфликс’ и едвај чекаме да ја оживееме оваа инспиративна локална приказна на светско ниво“, вели Ерика Норт од „Нетфликс“.

За спасувачката акција досега се објавени две книги, а во декември заврши снимањето на филмот „Пештерата“.