НОВАТА МИНИСЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“, „ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“ Е ИНСПИРИРАНА ОД ФИЛМОТ ОД 1981

САД, (Варајети)

„Нетфликс“  објави тизер за новата минисерија  „Четири годишни времиња“, која е инспирирана од истоимениот филм од 1981.

Приказната во серијата која ја напишаа комичарите Тина Феј, Ланг Фишер и Трејси Вигфилд е за долгогодишните пријатели и за нивните заеднички патувања, додека се соочуваат со предизвици кои ги тестираат нивните пријателства и врски.

Оригиналниот филм од 1981 го напиша и го режираше Алан Алда, а во главните улоги играа Алда, Керол Барнет, Лен Кариу, Сенди Денис, Рита Морено, Џек Вестон и Бес Армстронг. Филмот беше добро прифатен и од критиката и од публиката и беше номиниран за неколку награди, меѓу кои и Златен глобус.

Серијата на „Нетфликс“ следи три брачни двојки: Кејт и Џек, Ник и Ен и Дени и Клод кои се долгогодишни пријатели и одат на четири патувања годишно заедно, секое во различна сезона.

Нивната рутина и пријателство се разнишани кога една од двојките неочекувано ќе објави дека се разведува.

 

Тина Феј, Вил Форте и Колман Доминго во серијата (Фото: Гети)