Излезе првиот трејлер за втората сезона на „Игра на лигни“ (Squid Game), која ги враќа гледачите во смртоносната арена каде што Играчот 456 ќе игра уште еднаш.
Три години по неговата победа во смртоносната серија детски игри, Сеонг Ги-хун, кого го игра актерот Ли Џунг-џае, се враќа како Играч 456, при што му се придружуваат стотици нови натпреварувачи, кои се обидува да ги одведе на безбедно.
Првата сезона на јужнокорејската драма следеше група од 456 луѓе, очајни и во долгови, кои се борат до смрт за огромна парична награда. Таа стана најголемата серија на „Нетфликс“ досега, гледана од 111 милиони корисници во првите 28 дена.
Во втората сезона се враќаат и мистериозниот водач на игрите Фронт Мен и полицискиот детектив Хванг Џун-хо. „Игра на лигни 2“ доаѓа на „Нетфликс“ на 26 декември, а третата и последна сезона ќе излезе во 2025.
(Фото: Нетфликс)