Сара Џесика Паркер го најави почетокот на снимањето на третата сезона на „И едноставно така“, продолжение на серијата „Сексот и градот“. Актерката објави фотографија од сценаријата за првата и втората епизода и на објавата ги означи колешките Кристин Дејвис (Шарлот) и Синтија Никсон (Миранда), заедно со некои од новите актери, како Никол Ари Паркер, Сарита Чудхури и Катерина Таненбаум.
„Се вративме“, кажа Дејвис.
Пред да заврши втората сезона беше објавено дека ќе се снима и третата.
И Рози О’Донел се приклучува на актерската екипа во третата сезона на популарната серија. Комичарката на својот Инстаграм ја сподели насловната страница од сценариото за премиерната епизода, откривајќи дека името на нејзиниот лик е Мери.