Со дегустација на вина од преку 50 винарии, вчера (13 декември) во Скопје започна винскиот фестивал „Винодонија“, кој го наполни скопскиот хотел „Мериот“.
Изложени се повеќе од 500 етикети на вина од Македонија, а годинава, специјални гости се винарии од Србија и од Унгарија.
Ова е осмо издание на фестивалот кој продолжува и денес (14 декември) од 15 до 21 часот. Освен вино и ракија, има и штандови со храна и дегустација на традиционални јадења во соработка со „Слоу фуд“. Вчера, гостите ги забавуваа диџеј и пијанист, а за денес е најавен настап на бенд. Билетите за фестивалот чинат 1.000 денари.
Минатата година, за два дена настанот го посетиле околу 1.600 луѓе.
Освен винската дегустација има и мастер класови ги одржуваат енолози од 11,13,15 и 17 часот.
М. ЏАРОВСКА
Фото: Ѓ.ЛИЧОВСКИ