ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ИЗУЧУВА НА КРЕАТИВНИОТ НАСТАН „КАЖИ СО РАЦЕ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре од 17 часот, пред Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи интерактивниот младински настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, „Кажи со раце“.

На настанот ќе има работилница за запознавање со основите на знаковниот јазик и ќе се создаде уметничко дело кое ќе ја носи пораката „Македонскиот знаковен јазик е единствениот јазик во државата кој не е стандардизиран“. Ова дело ќе биде изложено на јавен простор, со цел да се подигне свеста за потребата од стандардизација на македонскиот знаковен јазик.

На настанот ќе биде поставена изложба со азбуката на македонскиот знаковен јазик, насловена „Рацете се мојата азбука“. Посетителите ќе можат да учествуваат во креирањето на видеоматеријали кои ќе се користат за промоција на македонскиот знаковен јазик.