ЅВЕЗДАТА НА „ХАРИ ПОТЕР“, ДАНИЕЛ РЕДКЛИФ, ЌЕ СТАНЕ ТАТКО

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф, објави дека со неговата долгогодишна партнерка Ерин Дарк го чекаат првото дете. Триесет и тригодишниот актер и пет години повозрасната Дарк треба да станат родители подоцна оваа година, објавија британските медиуми.

Редклиф и Американката Дарк се заедно од 2013, откако се запознаа на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“, во кој тој го глумеше американскиот поет Алан Гинзберг.

Редклиф се прослави како 12-годишник кога дебитираше во улогата на Хари Потер.

(Фото: Гети)