ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ НА 23 ЈУНИ ВО ШКОТСКИ ЗАМОК

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездите на ТВ-серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, ќе се венчаат на 23 јуни во североисточниот дел на Шкотска.

Двојката се запозна на снимањето на серијата во 2012 година, во којашто ги играа(т) едни од омилените ликови на публиката, Џон Сноу и Игрит.

Ликот на Лесли загина во серијата две години откако се запознаа, додека Харингтон стана една од најголемите ѕвезди на ултрапопуларната серија.

Свршувачката ја објавија лани во септември.

Неодамна, „Дејли мејл“ објави дека на поканата за нивната свадба има и поштенска марка со ликот на Џон Сноу, кој го игра Харингтон. Весникот објави дека 200 гости добиле покана за свадбата, која ќе се одржи во замок во Шкотска, родната земја на Лесли.