Ѕвездите на „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, се венчаа денеска на романтична церемонија во семејниот, 900 години стар замок на невестата во Шкотска, во присуство на дел од актерската екипа од серијата.

Лесли беше придружувана од својот татко кога пристигна во црквата во градот Кирктон оф Рејни, Абердиншир, носејќи бела венчаница и цветен венец на главата. Харингтон, кој дојде порано денеска, беше формално облечен за оваа прилика, во црно палто, крем елек и панталони со риги.

„Ова е апсолутно прекрасен ден за сите нас и за градот. Сè што е употребено на свадбата е локално“, изјави локалниот советник.
Меѓу гостите на свадбата беа видени и колегите на младоженците, Емилија Кларк, Питер Динклиџ, Мејзи Вилијамс и Софи Тарнер.

Триесет и едногодишните Лесли и Харингтон се запознаа во 2012 година, на снимањето на серијата, кадешто ги играа(т) Џон Сноу и Игрит. Тие се свршија минатиот септември, што го објавија преку оглас во весникот „Тајмс“.