СОВЕТИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ ОД КРАЛСКИТЕ СЕМЕЈСТВА

Лондон, (Вименс хелт)

Членовите на кралските семејства се познати по здравиот режим на исхрана и тела во одлична форма. Кралицата Елизабета Втора јаде само црно чоколадо, принцот Чарлс е фан на органска храна, а, пак, Меган Маркл, која е повремен веган, успеа да го навлече својот сопруг, принцот Хари, на нејзиниот здрав живот. Тој ги откажа цигарите и алкохолот и ослабна седум килограми.

Кралицата Елизабета Втора важи за голем чокохолик, а принцот Чарлс е фан на органска храна

Меган вежба јога и кружен тренинг, Кејт редовно практикува пленк вежби, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, прави кратки вежби во спалната соба пред појадок.

Шпанската кралица Летиција го стартува денот со протеини, па често појадува омлет со три јајца.

Иако не сте благородници, ова се неколку совети кои може да ви помогнат да изгледате во топ-форма како нив.

  • Вежбајте рано наутро
  • Бидете истрајни и посветени во вежбањето
  • Издржете колку што можете повеќе во пленк вежбите
  • Вежбајте јога за добра состојба на умот
  • Колку и да сте тенки со време, сепак, вежбајте малку
  • Имајте рутина на трчање
  • Почнете го денот со протеини
  • Бидете креативни во правење на смути напитоци
  • Пробајте еден ден да не јадете месо
  • Внесете ги јајцата во редовната исхрана
  • Најдете си партнер за вежбање