СТАРТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ СО „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ НА МНТ

Прилеп, (СМАРТ СДК.МК)

Педесет и третото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почнува вечерва со претставата на Македонскиот народен театар „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов.

Фестивалот ќе трае до 15 јуни, а во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се прикажат 12 претстави од домашните театри во официјалната конкуренција и пет придружни претстави.

Вечерва на отворањето ќе бидат доделени наградите за животно дело на актерот Петар Арсовски и на композиторот Љупчо Константинов.

Актерката Катерина Коцевска е нова уметничка директорка на МТФ, а доаѓа на местото на колегата Петар Темелковски, кој 11 години беше на оваа функција.

За наградите ќе одлучува жирито во состав: Мими Таневска, Драган Спасов-Дац и Јасна Новаков од Белград.