Дијаманти и бисери што ѝ припаѓале на Марија Антоанета, сопругата на францускиот крал Луј 15 и кои никогаш не биле јавно изложени, ќе се продаваат на аукција.
„Сотби“ соопшти дека аукцијата на повеќе од 100 парчиња накит, кои се во сопствeност на семејството Бурбон-Парма, ќе се одржи во Женева на 12 ноември.
„Ова е една од најважните колекции на кралски накит која некогаш е ставена на пазарот. Оваа извонредна колекција нуди фасцинантен поглед на животот на ова кралско семејство“, вели Даниела Маскети од „Сотби“.
Дијамантскиот приврзок со редок природен бисер се очекува да достигне цена до два милиони долари. Ѓерданот со повеќе од 300 природни бисери е проценет на 300.000 долари, а обетки во форма на капка на 50.000 долари.
„Позната по своите екстравагантност и раскош, Марија Антоанета многу често е претставена како носи бисери“, забележува „Сотби“.
На продажба ќе биде понуден и накит од други кралски семејства, сѐ до падот на австроунгарската империја, сите од колекцијата на семејството Бурбон-Парма. Меѓу другото, ќе се продава комплет со 95 дијаманти, вреден 500.000 долари.