Поп ѕвездата Ријана потврди дека работи на својот нов албум. Пејачката гостуваше во шоуто на Греам Нортон, заедно со Сандра Булок, Кејт Бланшет, Сара Полсон и Хелена Бонам Картер, со кои заедно го промовираа новиот филм „Осумте на Оушн“.
Ријана откри дека моментално е во студио и работи на новиот албум, продолжение на осмиот албум од 2016 година, „Анти“.
На прашањето дали албумот би можел да се очекува околу Божиќ, таа се насмеа и му одговори на Нортон:
„Колку ти платија фановите да ме прашаш тоа? Ќе мора да почекате и ќе видите“.
Минатиот месец, се појавија написи дека новиот албум ќе биде под влијание на реге музиката, со нови материјали, за кои се вели дека биле инспирирани од Боб Марли и од влијателниот продуцент Супа Дупс.