Вечерашниот концерт со удирачки инструменти на Скопско лето, „Тапанот се слуша надалеку“ на Сара Симоновска, наместо во Сули ан, поради нестабилните временски услови и најави за дожд, ќе се одржи во 21 часот во фоајето на Македонската опера и балет.
Ќе бидат изведени дела од Бах, Добри Палиев, Ерик Самут и од Вон Моиси.
„По стапките на својот татко, Сара започнува да свири тапани уште на четиригодишна возраст. Средното музичко образование го почна во ‘Илија Николовски-Луј’, но по само три години, доби целосна стипендија од Интерлохен арт академијата во Мичиген, САД, каде што и матурираше со највисок просек. Истата 2014 година, Сара се запиша на универзитетот Џексонвил во Флорида и повторно доби стипендија. Изминативе години одржува концерти и посетува мастер часови“, велат од фестивалот.