Британскиот дизајнер Џон Посон пренамени манастир од 19. век во израелскиот град Јафа во хотел.
Посон го реставрираше и реновираше делот на сестринството на манастирот „Сент Џозеф“, кој порано бил користен и како француска болница.
Тој работел со локалниот архитект и конзерватор Рами Гил, мешајќи различни архитектонски стилови, како арапски, неоримски и современ, а користеле и витражи и камења.
Хотелот има 120 соби и апартмани и надворешен базен, сите поврзани со колонада од столбови, како и градини. Има и ново крило со 32 приватни соби.
Централно место во хотелот „Јафа“ има барот „Капела“, според првичната локација на мала црква со олтар. Низ хотелот има елементи и дела на врвни уметници и дизајнери, меѓу кои и од Демијан Хрст.