БИЕНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА СЕ ОТВОРА ВЕЧЕРВА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Биеналето на македонската архитектура БИМАС 2018 ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на Град Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот како и внатрешната архитектура и дизајн.

На Биеналето ќе се доделат повеќе награди како: Голема награда на БИМАС за реализиран архитектонски проект, за реализирање внатрешна архитектура, за најдобар индустриски дизајн, за урбанистички план или проект, награда од областа на архитектурата, внатрешната архитектура и индустриски дизајн како и специјална награда.