Биеналето на македонската архитектура БИМАС 2018 ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на Град Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот како и внатрешната архитектура и дизајн.

На Биеналето ќе се доделат повеќе награди како: Голема награда на БИМАС за реализиран архитектонски проект, за реализирање внатрешна архитектура, за најдобар индустриски дизајн, за урбанистички план или проект, награда од областа на архитектурата, внатрешната архитектура и индустриски дизајн како и специјална награда.