БОЛТ РЕКЛАМИРА ШАМПАЊ ЗА АСТРОНАУТИ И ЗА ТУРИСТИ ВО ВСЕЛЕНАТА

Ремс, (Ројтерс)

Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт трчаше во модифициран авион кој се користи за научни истражувања, за да рекламира шампањ, кој е специјално наменет за астронаутите во вселената и за идниот вселенски туризам.

Специјалното шише е дизјан на Французинот Октав де Гол, од познатиот производител на шампањ, „Мам“, од каде велат оти се надеваат дека ќе профитираат од идниот развој на вселенскиот туризам.

Поранешниот спринтер Болт, поранешниот француски астронаут Жан-Франсоа Клервој и дизајнерот Октав де Гол се тркаа во специјалниот авион „ербас зеро Г“ (Фото: Ројтерс)

Милијардерите Џеф Безос и Ричард Брансон се во трка за да испраќаат богати туристи во суборбиталниот простор на доволна висина за да ја видат Земјата, додека Илон Маск планира да испраќа патници околу Месечината.

„Туристите ќе уживаат во погледот на Земјата, на вселената и ќе слават. Можеби пазарот за шишиња вино во вселената не е голем, но има место за неколку шишиња“, рече Жан-Франсоа Клервој, поранешен француски астронаут кој беше со Болт во авионот.