УМЕТНИЧКА СЛИКА НАПРАВЕНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРОДАДЕНА ЗА 432.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Уметничко дело креирано од програм со вештачка интелигенција се продаде на аукција за 432.000 долари.

Последната цена е далеку повисока од проценетите 7.000-10.000 долари, колку што очекуваа во аукциската куќа „Кристис“ во Њујорк пред да почне продажбата.

Делото насловено „Портрет на Едмонд Белами“ го направи уметничкиот колектив од Париз, „Обвиус“. При создавањето на сликата, тие користеле алгоритам и податоци од 15.000 портрети, насликани од 14. до 20. век. Ова е прво дело направено со вештачка интелигенција кое се најде на продажба во голема аукциска куќа.

„Вештачката интелигенција е само една од неколкуте технологии кои ќе имаат влијание врз уметничкиот пазар во иднина, но засега е тешко да се предвиди какви промени би биле тоа“, изјави експертот од „Кристис“, Ричард Лојд.