„ОСТЕН“ СЛАВИ 50 ГОДИНИ ОД СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19 часот, во Националната галерија на Македонија-Чифте амам ќе се одржи свеченост по повод одбележување на 50 години од Светската галерија на карикатури.

Ќе се отвори ретроспективната изложба „50 години Светска галерија на карикатури (1969-2019)”, ќе има изложба на 270 дела од селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“ и ќе бидат врачани награди и признанија на уметници, карикатуристи и соработници на Остен уметност на хартија.

Наградени се четворица уметници од Македонија, Родољуб Анастасов, Дарко Талески, Милан Андов и Невзат Бејтули Кица, по двајца уметници од Италија, Германија, Полска, Бугарија и по еден од Холандија, Грција, Русија, Велика Британија, Турција и од Јужна Кореја.