ТОКИО ПРОГЛАСЕНО ЗА ГАСТРОНОМСКА ДЕСТИНАЦИЈА БРОЈ ЕДЕН ЗА 2019

Токио, (Си-Ен-Ен)

„Водичот на Мишелин“, своевидна ресторанска библија, го прогласи Токио за светска гастрономска дестинација број еден за 2019 година.

Објавен оваа недела, водичот додели ѕвезди на 230 ресторани низ јапонската престолнина, четири помалку од лани. Дури 13 примија максимални три ѕвезди и тие служат или домашна или француска кујна. Во градот има и 52 ресторани со по две ѕвезди, како и 165 со една.

„Токио со години го предводи светот во гастрономијата. Ресторанската сцена на Токио е уникатна, бидејќи е богата со кулинарски разновидности, какви што нема никаде на светот“, изјави директорот на „Водичот на Мишелин“, Гвендал Пуленак.

На второто место се најде уште еден јапонски град, Кјото, кој може да се пофали со 203 ресторани со Мишелин ѕвезди, а Париз е трет со 113.

„Водичот на Мишелин“ за првпат се појави во 1900 година и денес важи за меѓународен авторитет на полето на гастрономијата, доделувајќи 28 титули во повеќе од 25 земји.