ПАЗАРОТ НА ВИДЕОИГРИ СЕГА Е ПОГОЛЕМ ОД ВИДЕО И МУЗИЧКИОТ МАРКЕТ ЗАЕДНО

Лондон, (Скај)

Вредноста на пазарот на видеоигри двојно се зголемил споредено со вредноста во 2007 година. Оваа индустрија сега вреди 3,864 милијарди фунти, што ја прави поголем пазар од видео и музичката индустрија заедно.

Асоцијацијата за трговија во забавниот сектор издвои три игри, кои, секоја поединечно, се продале во повеќе од еден милион примероци. Бројките не ги вклучуваат онлајн продажбата, продажбата преку мобилни телефони, ниту бесплатните игри.

Севкупно, пазарот за забава пораснал за 7,537 милијарди фунти, благодарение на стриминг сервисите, како „Нетфликс“ и „Спотифај“.

„Индустријата на игри е неверојатно ефикасна во искористувањето на потенцијалот на дигиталната технологија, нудејќи нови и привлечни форми на забава. Иако најмлада од нашите три сектори, таа сега е најголема“, изјави директорот на Асоцијацијата, Ким Бејли.