„Пеперутка“, римејкот на истоимениот култен филм од 1973 година, е нов филм на репертоарите на скопските кина Синеплекс и Милениум. Главните улоги во оригиналниот филм ги играа Стив Меквин и Дастин Хофман, а во новата верзија, Чарли Ханам и Рами Малек, кој се прослави како Фреди Меркјури.
Базиран на два светски бестселери, филмот ја следи приказната за Анри Шариер (Пеперутка), отворач на сефови од париското подземје.
„Тој краде дијаманти за локалнот гангстер Кастиљ. Иако не е фатен во кражбата, Пеперутка прави една грешка: одлучува скапоцено ланче да го даде на својата девојка Ненет. Кастиљ му се одмаздува така што го мести за убиство, поради што Пеперутка добива доживотна казна затвор и е протеран на Ѓаволски Остров во Француска Гвајана. Пеперутка таму се здружува со чудниот затвореник Луи Дега, кој му помага во бегството“, најавуваат дистрибутерите на филмот.
Киното Милениум нема да работи на 7 јануари.