ЗАЕВ Е СТРАСЕН МОТОРЏИЈА ИАКО ДВАПАТИ СЕ СКРШИЛ ОД ПАЃАЊЕ

Струмица, (СМАРТ.СДК.МК)

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев веќе неколку години е страсен влубеник на планинското мото рели. Речиси секое слободно време и како градоначалник, а сега и како премиер, го користи за со својот мотор на четири тркала да прошета по струмичките планини. Најчесто го прави тоа со своите пријатели и другари, членови на Мото клубот АТВ Струмица, што го формираа пред  четири години.

На мотокрос рели во 2016 (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

Но, неговите почетоци во возењето мотоцикли на четири тркала не беа лесни. Во 2009, Заев падна од штотуку купениот мотоцикл „хонда на планината Беласица и си го скрши десното рамо.

Во 2009,  Заев падна од штотуку купениот моторцикл „хонда“ на планината Беласица и си го скрши десното рамо (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

,,На тромеѓето паднав. Многу ме боли. Сакаа да ми го стават рамото во гипс, но поради секојдневните обврски, не сакав. Го фиксираа рамото и сега сум со ортопедски стегачи. Се надевам  дека брзо ќе оздравам“, изјави во октомври 2009 градоначалникот Заев, кога на седница дојде со ортопедски стегачи.

Во мај, 2010, Заев падна на моторели  низ Беласица и го скрши скочниот зглоб на десната нога (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

Девет месеци подоцна, во мај 2010, Заев повторно имаше незгода со „хондата“ на моторели низ планината Беласица. Кај селото Три Води. на еден од свијоците. изгубил контрола и паднал и го скрши скочниот зглоб на десната нога.

Кога сакаме да спортуваме се случуваат и такви работи. Не возев брзо, но се случи“, кусо изјави тогаш Заев, кој ногата во лонгета мораше да ја носи три недели.

За време на пожарот над Струмица во јули 2012, тој со неговиот мотор спасуваше граѓани меѓу пламените јазици и стрмните предели над градот.

Заев честопати беше дел и од мотокрос рели трките, што се организираа на локалитетот Тркања, од автомото клубот Џип рели од Скопје. Сепак, сите негови настапи беа ревијални, иако кога возеше, имаше желба да биде приближно со исто време како натпреварувачите.

На моторели во 2015 (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

Тој вели дека автомото спорот го крева адреналинот.

Бидете убедени дека јас како голем и пасиониран љубител на автомото спортот ќе бидам секогаш голем поддржувач на вакви и сите спортски натпреварувања. Овој спорт има многу адреналин и носи возбудувања“, рече Заев како градоначалник на отворањето на една од рели трките во Струмица.

Заев викендот возеше 40 км со членовите на мотоклубот АТВ Струмица на планинско рели и дојде на народниот собир во селото Варварица (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

Заев викендов со својот мотоцикл на четири тркала, заедно со членовите на мотоклубот АТВ Струмица, беше на планинско рели, при што извозија 40на километри, од селото Рич во Општина Струмица, до селото Горни Липовиќ во Општина Конче и се одморија на народниот собир во селото Варварица, Oпштина Василево.

 

В. ТРАЈКОВ