Првата дама на САД Меланија Трамп носеше темносино-бела креација која потсетува на стилот на Одри Хепберн на денешниот прием кај кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата во Лондон.
Тој и нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, се во тридневна официјална посета на Велика Британија.
Четириесет и деветгодишната Меланија беше елегантна како холивудската дива во класикот „Мојата убава дама“, облечена во бел фустан на „Долче и Габана“, со темносин колан и чевли „лубутен“, а во согласност со протоколот, носеше и бел шешир со темносини линии.
За време на посетата на Лондон, Трампови ќе имаат повеќе средби, меѓу кои и вечера со кралицата и со Кејт и Вилијам.