Дрејк, суперфанот и глобален амбасадор на Торонто репторс, објави дека ќе ја прослави првата НБА-титула во историјата на клубот со две нови песни, што ќе бидат издадени денеска.
Торонто е првиот канадски тим кој станал НБА-првак, откако во шестиот меч од големото финале го совлада бранителот на титулата Голден стејт со 114:110 и откако ги изгушка сите во салата и се напи шампањско, Дрејк најави две нови песни на Твитер, „Omerta“ и „Money in the Grave“, покрај фотографијата од шампионскиот трофеј.
Сега кога неговиот омилен тим се закити со титулата, фановите се надеваат дека со тоа е симнато „проклетството на Дрејк“, што го имаат почувствувано доста клубови и спортисти. Додека беше на европска турнеја оваа година, канадската музичка суперѕвезда се сликаше со низа познати спортисти, за набргу потоа нивните тимови да изгубат важен натпревар. По ова, управата на Рома на шега јавно им забрани на своите фудбалери да се фотографираат со Дрејк.
Меѓу другите, „проклетството на Дрејк“ ги погоди Манчестер јунајтед, Конор Мекгрегор, Ентони Џошуа, Арсенал, Манчестер сити, Борусија Дортмунд…