Еден од најактрактивните бендови од Италија, „Калашима“, ќе настапи вечерва на 40. Скопско лето. Концертот е закажан во 21 часот во кино „Фросина“ во МКЦ.
„Експлозивни, енергични, врвни. Шестмина пријатели, израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, повторно ја менуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент“, најавуваат од Дирекцијата за култура и уметност.
Билети се продаваат на влез пред самиот концерт, по специјална фестивалска цена од 200 денари. Концертот се организира во соработка со амбасадата на Италија и „Офф-фест”.