СВЕТНА ДИГИТАЛНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ, 25 ДЕНА НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА НА „ВИНТЕРЛЕНД“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

На новиот плочник пред Градскиот трговски центар вчера светна дигиталната елка, со што и официјално започна новогодишната програма во Скопје.

Секој ден до 31 декември во рамките на новогодишната населба „Винтерленд“ ќе се одржуваат настани, детски претстави и концерти на малата сцена поставена до фонтаната на Плоштадот. Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

Секој ден до 31 декември во рамките на новогодишната населба „Винтерленд“ ќе се одржуваат настани, детски претстави и концерти на малата сцена поставена до фонтаната на Плоштадот. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што за првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, ве повикувам да го посетите ‘Винтерленд’ и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања“, кажа градоначалникот Петре Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.

За дочекот на Нова година на Плоштадот ќе пее босанскиот пејач Дино Мерлин.

А. АНТЕВСКА