По концертот во јуни, холандскиот „крал на валцерот“ Андре Риу годинава пак се враќа во Скопје, објави „Пасворд продуцкија“. Риу со својот оркестар „Јохан Штраус“ ќе настапи во А1 арената „Борис Трајковски“ на 27 ноември како дел од својата светска турнеја.
Организаторот најавува дека Риу доаѓа со сосема нова програма, исполнета со филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета, како и традиционална музика.
„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во рамките на нашата светска турнеја. Концертот во 2019 беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика нѐ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ги прославуваме љубовта, животот и, секако, музиката“, изјави музичарот.
Билетите ќе се продаваат од среда од 10 часот на www.andrerieu.com, mktickets.mk и на www.karti.com.mk.