Писателот Александар Прокопиев ја објави книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“, во издание на „Авантпрес“ од Скопје. Книгата претставува заокружување на 40-годишното творештво во книжевната форма „антиупатства за лична употреба“, по која авторот е препознатлив, а која содржи кратки проза, поезија и есеи.
„Како и секое исклучително книжевно дело, ‘Антиупатства за лична употреба’ на Александар Прокопиев тешко може да се опише накратко, но затоа е многу лесно ‘на долго и на широко’ да се препорачува како врвен деликатес на секој читател, а особено на онаа сè почеста категорија читатели кои се љубопитни за книжевни експерименти и жанровски игри. За таквиот љубопитен читател, ‘Антиупатства’ е неизбежно четиво“, вели рецензентот Ацо Пероски.
Книгата може да се набави во книжарниците на „Или-или“, „Литература.мк“ и „Магор“ и во интернет книжарницата „Купикнига.мк“.