Зоолошката градина во Скопје е една од институциите кои се затворени поради ширењето на коронавирусот, но вработените секојдневно преку социјалните мрежи објавуваат едукативни видеа.
ЗОО негувателите се вклучуваат во живо на Фејсбук кога треба да се хранат животните и секој ден објаснуваат за начинот на исхрана на едно животно.
„Деновите кога Зоолошката работи без посетители ги користиме за разубавување и реновирање на градината. Се чистат езерата, каде што ќе бидат поставени и фонтани, се реновира Бејби ЗОО, се подготвуваат нови игралишта и активно се работи на живеалиштата за пингвини и фламинга. Кога ќе помине сето ова, ќе ве дочека целосно средена и обновена зоолошка градина“, велат оттаму.
Фото: Ѓ. Личовски