БОБ ДИЛАН ГО НАЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ СО АВТОРСКИ ПЕСНИ ПО ОСУМ ГОДИНИ ПАУЗА

Њујорк, (Гардијан)

Боб Дилан го најави својот прв албум со авторски песни по осум години пауза.

Rough and Rowdy Ways“ ќе излезе на 19 јуни, осум години после „Tempest“, но Дилан не мируваше и во меѓувреме, па сними три албуми со обработки.

Во изминатите две недели тој веќе објави две песни кои ќе се најдат на новиот албум, од кои „Murder Must Foul“ трае 17 минути и е најдолга што досега ја напишал. Најавата на новиот албум беше проследена со објавувањето на третата нова песна, насловена „False Prophet“.

Rough and Rowdy Ways“ е 39. студиски албум на 78-годишниот Дилан, почнувајќи од 1962 година. Тој во меѓувреме стана и прв музичар кој добил Нобелова награда за литература.