ЕЛКАТА НА РОКФЕЛЕР СВЕТНА СО 50.000 СИЈАЛИЧКИ И ЅВЕЗДА „СВАРОВСКИ“

Њујорк, (Ен-Би-Си)
NEW YORK, NY - DECEMBER 02: A view of Rockefeller Center Tree moments after lighting during the 83rd Rockefeller Center Tree Lighting 2015 on December 2, 2015 in New York City. (Photo by D Dipasupil/WireImage)

Најпознатата елка на светот, на Рокфелер центарот во Њујорк, вчера беше осветлена пред илјадници луѓе со 50.000 разнобојни сијалички и со ѕвезда „сваровски“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бјасио, го сврте прекинувачот за да ја осветли 75 метри високата норвешка смрека, тешка 12 тони и стара 85 години, донесена од Државниот универзитет во Пенсилванија.

Годинашната церемонија на осветлување беше емитувана на каналите на Ен-Би-Си, со настапите на Гвен Стефани, Сил и Џенифер Нетилс.

Дрвото ќе свети секој ден од 17.30 до 23.30 часот до 7 јануари, освен на Божиќ на 25 декември, кога ќе биде осветлено 24 часа.

И оваа година ќе има дополнително обезбедување во Њујорк, по минатомесечниот напад со камионет на Менхетн, кога загинаа осум луѓе. Покрај полициските барикади и контролни пунктови, ноќта на осветлувањето беа затворени повеќе улици.

Новогодишната елка за првпат била донесена на Рокфелер во 1931 година, а украсувањето почнало од 1933 година, кога на неа имало 700 сијалички.