Стриминг гигантот „Нетфликс“ го купи легендарниот Египетски театар во Холивуд, засилувајќи ја својата централна позиција во филмската индустрија.
Театарот во Лос Анџелес е изграден во 1922 и бил домаќин на првата премиера на филм во Холивуд, „Робин Худ“. Киното отсега ќе се користи не само за филмските премиери на „Нетфликс“, туку и за други специјални настани. Во театарот се одржувале премиери во „златното“ доба на Холивуд.
„Египетскиот театар има исклучителна улога во историјата на Холивуд и речиси еден век е ценет од заедницата на Лос Анџелес“, изјави директорот на „Нетфликс“ Скот Стубер, без да ја открие сумата на купопродажбата.