Младата поп-ѕвезда Селена Гомез се расплака, откако „Билборд“ ја прогласи за жена на годината.
Таа одржа емотивен говор, откако ја прими наградата од актерката Ел Фенинг и ја посвети на својата другарка Франсија Раиса, која во септември ѝ донираше бубрег.
„Мислам дека Франсија треба да ја добие оваа награда. Оваа година поминав низ тешки моменти и таа ми го спаси животот. Се чувствувам неверојатно среќна. Искрено, не можам да бидам поблагодарна за позицијата што ми беше дадена во кариерата“, изјави 25-годишната Гомез.
Таа мораше да биде подложена на трансплантација на бубрег како последица на автоимуната болест лупус и како донор се пријави нејзината пријателка Франсија.
„Почестена сум што можев да го направам тоа за неа. Среќна сум што мојот бубрег одговараше. Таа сега стои овдека и ја прима наградата и неверојатно е како нејзината кариера оди напред“, кажа Раиса.