МОДАТА СЕ СПОИ СО МАСКИТЕ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Венеција, (Си-Ен-Ен)

Заштитните протоколи од ковид-19 немаа влијание врз гламурот на холивудските ѕвезди, кои синоќа поминаа на црвениот килим на отворањето на 77. Венециски филмски фестивал, првиот меѓународен настан од овој тип кој се одржува откако пандемијата го запре филмскиот свет.

Фестивалот се одржува под строг протокол, како задолжително носење маска, редовно мерење на телесната температура и секое второ седиште во кината ќе биде празно. Исто така, фановите нема да смеат да се доближат до црвениот тепих.

Кејт Бланшет, годинашна претседателка на жирито, во фустан на Естебан Кортазар (Фото: АП)

Папараците кои вообичаено изнајмуваа бродови и чамци за да ги ловат ѕвездите сега ќе стојат на строго обележано место во близина на црвениот килим.

Манекенката Тејлор Хил (Фото: АФП)

Тилда Свинтон, која е амбасадорка на „Шанел“, носеше црно-бела комбинација од колекцијата за висока мода пролет/лето 2020 и златна карневалска маска, која подоцна ја замени со Златен лав за животно дело.

Актерките Ана Фољета и Роберта Армани (Фото: АФП)

Годинава, 18 филмови се во трка за Златен лав, а фестивалот ќе трае до 12 септември.

Тилда Свинтон во „Шанел“ (Фото: АФП)
Гостите носеа разни варијанти на маски (Фото: АП)