АНОНИМЕН КУПУВАЧ ДАДЕ РЕЧИСИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ДЕЛО НА БАНКСИ

Лондон, (АП)

Дело на мистериозниот графити уметник Банкси се продаде на аукција за 9,8 милиони долари (7,6 милиони фунти), негово второ најскапо досега. Сликата насловена „Покажи ми го Моне“ (Show Me the Monet) ја купи анонимен купувач на аукцијата во „Сотбис“ во Лондон, надминувајќи ја првичната цена од пет милиони фунти.

Во 2005, Банкси додаде празна количка за пазарување и портокалов сигнален знак во уметничко дело на Клод Моне.

Алекс Бранцик, шефот на „Сотбис“ за современа уметност, кажа дека „ова е едно од најсилните и најлегендарни уметнички дела на Банкси кое се појавило на аукција“.

Минатата година, сликата на Банкси на која се прикажани шимпанза како пратеници во британскиот парламент се продаде на аукција за рекордни 9,9 милиони фунти.