За да бидете здрави и да живеете подолго, доволно е да вежбате 150 минути во текот на една недела или по 30 минути пет пати во неделата. Последните истражувања кои се направени на оваа тема во при што биле анкетирани 130.000 луѓе од 17 земји, покажале дека процентот на смртни случаи би се намалил за девет проценти, доколку луѓето вежбаат пет пати неделно по 30 минути.
Истражувањето вели дека возењето велосипед или пешачењето до работа, се смета како еден вид вежба, но ако на тоа неделно се троши 150 минути. Одењето во шопинг, перење на автомобилот, купувањето во супер маркет исто така се смета како активност која влијае на здравјето и подолг живот.
Со три пати неделно вежбање во теретана или во аеробик студио по еден час, е дури и повеќе од доволно според истражувањето.