ПЕСТО ИМА ПОВЕЌЕ СОЛ ОД ХАМБУРГЕР ВО МЕКДОНАЛДС

Песто содржи повеќе сол отколку еден хамбургер од Мекдоналдс, покажуваат испитувањата на Групацијата за испитување на соленоста на храната и влијанието на здравјето (ЦАСХ). Во испитувањето на ЦАСХ се анализирале неколку вида на песто и во дел од нив е откриено дека количината на сол е зголемена за разлика од 2009 година кога биле направени последните анализи.

Според испитувањета одредени видови песто содржат 1,5 грам сол во 47 грама намаз. Друг вид песто пак содржи од 2 до 2,5 грама сол во 100 грама.
„Ниту еден од производите кои ги анализиравме не може да се каже дека влегуваат во здрава храна. Затоа јадете песто во помали количини и колку што можете поретко“, вели нутриционистот Сара Алдертон.

ЦАСХ побараа од Институтот за јавно здравје на Англија да се врши поголема контрола на индустријата со храна бидејќи многу продукти кои се омилени кај граѓаните содржат големо количество на сол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *