Долгоочекуваниот попис на населението нема да се одржи ни следниот месец, туку е одложен за септември, договорија лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на денешната средба.
- Поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и најавениот почеток на масовната имунизација против ковид-19, пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември.
- Македонските државјани кои живеат во странство и натаму ќе можат да се попишуваат по електронски пат.
- Ова го помести и терминот на локалните избори, кои ќе се одржат на крајот на октомври, место во првата половина на месецот.
- Уште утре, во Собранието ќе почне постапката за измени на Изборниот законик, во кој ќе се вметне идентификација со отисок на прст при гласањето.
- Заев и Мицкоски договорија и деблокада на Собранието, со што конечно ќе може да се донесе и закон за петтиот пакет мерки за помош на економијата.