БРИТАНСКАТА КРАЛСКА ПОШТА ЌЕ ИЗДАДЕ МАРКИ СО ЛИКОВИ ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Лондон, (Диџитал спај)

Кралската пошта на Велика Британија најави убави вести за фановите на „Игра на тронови“, во пресрет на осмата и финална сезона од ТВ-серијата, која ќе се емитува дури в година.

Сет од 15 поштенски марки со ликови од хит-серијата на ХБО ќе биде издаден подоцна овој месец. Единствената колекција ги содржи најпознатите имиња од серијата со сцени од Вестерос.

На десет марки се прикажани некои од најпознатите ликови од седумте сезони. Познатите лица кои се вклучени во колекцијата се Санса Старк, Џон Сноу, Ед Старк, Олена Тајрел, Тивин Ланистер, Тирион Ланистер, Серсеи Ланистер, Арја Старк, Џејми Ланистер и Денерис Таргерјан.

Петте дополнителни марки се посветени на други карактери од серијата, вклучувајќи ги и змејовите. Како и сите специјални серии марки на Кралската пошта, и овој дизајн е одобрен од Кралицата.

Кралската пошта вели дека со издавањето на марките со тематика од „Игра на тронови“ го одбележуваат значајниот британски придонес во продукција на сериите. Поголем дел од снимањето се одвиваше во студиото „Титаник“ во Белфаст, во „Линен хил“ филмското студио во Бенбриџ и на различни локации во Северна Ирска. Другите локации на кои се снимаше серијата се во Шпанија, Хрватска и Исланд.

Марките можат да се нарачаат на royalmail.com/gameofthrones, а ќе бидат достапни во поштите низ Британија од 23 јануари.