Еди Марфи ќе ја прими наградата за животно дело „Сесил Б. ДеМил“ на 80. Златни глобуси, објави Холивудското здружение на странски новинари. Легендарниот актер и комичар досега шест пати беше номиниран за Златен глобус и единствен пат го освои во 2016 за споредна улога во филмот „Dreamgirls“.
Шеесет и едногодишниот Марфи беше дел од ТВ-шоуто „Сабота вечер во живо“, пред да се прослави во бројни комедии во 1980-ите, вклучувајќи го серијалот „Полицаецот од Беверли Хилс“.
Во изминатите пет години, почесен Златен глобус добија Џејн Фонда, Том Хенкс, Џеф Бриџис, Опра Винфри и Мерил Стрип.
(Фото: АП)